сите автоделови на едно место

За Никосан-ЈЗ

Веќе 20 години НИКОСАН-ЈЗ  работи посветено на споствен развој и постојано проширување на својот асортиман.

Увезуваме и дистрибуираме резервни делови за автомобили од Германија, Италија, Словенија, Велика Британија и САД. Исто така, нудиме продажба на висококвалитетни автомобилски делови за сите видови возила од брендови за кои сме официјални директни дистрибутери.

Во текот на нашата успешна работа, изградивме долгогодишно доверба со нашите партнери, основана на извонредниот квалитет на нашите производи, брзата испорака и конкурентните цени.

Соработуваме со повеќе од 500 продавници и сервиси за автомобили ширум целата територија на Република Македонија. Нашата компанија во секој момент располага со повеќе од 7000 артикли на лагер, што гарантира достапност на деловите што ги обезбедуваме.

Никосан-ЈЗ следете не:

нашите бројки говорат за нас

Нашата работа е целосно посветена на обезбедување максимално задоволство на нашите клиенти

2004
ГОДИНА НА ОСНОВАЊЕ
7000
ПОЗИЦИИ НА ЛАГЕР
500
ПРОДАВНИЦИ СОРАБОТУВААТ СО НАС
600
М2 ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
неколку зборови за нас

Добрата тимска организација кажува многу за нас

Го сакаме тоа што го работиме

Широкиот асортиман на производи кој го дистрибуираме е потврда дека нашата фирма секогаш е ориентирана кон потребите на потрошувачите. 

Секогаш сме на страната на клиентите

НИКОСАН-ЈЗ зазема значителен дел од пазарот заради долгогодишната соработка со своите деловни партнери и квалитетните производи што ги нудат.

НИКОСАН-ЈЗ  е семејна фирма со 5 вработени и располага со сопствен деловен простор од 600 м (квадратни) кој се наоѓа на ул.Хо ШИ Мин бр. 220-б, Скопје, Р.Македонија.