
НИКОСАН-ЈЗ е фирма чија основна дејност е увоз и дистрибуција на резервни делови за автомобили од Германија, Италија, Словенија, Велика Британија и САД, како и продажба на високо квалитетни авто делови за сите видови автомобили од брендови кои се нивни директни производители.
Во текот на своето работење има изградена долгогодишна доверба со своите партнери, која пред се се базира на високиот квалитет на производите, брзата испорака и прифатливите цени.
Соработуваме со над 500 продавници и сервиси за автомобили на целата територија на Р. Македонија. Фирмата во секој момент располага со над 7000 позиции на лагер.
–ФЛЕНОР од Германија
–КОРАМ од Италија –ГУТМАН од Италија –СТОПЕР од Италија –ПЕРСЕА од Италија –ИМПЕРГОМ од Италија –ТДС од Италија –ЛЕБ од Италија –ПТЗ од Словенија –АВЕЛ од Словенија –WD-40 оригинал од Велика Британија –АБРО –САД –Lukas – Англија |
Широкиот асортиман на производи кој го дистрибуира е потврда дека нашата фирма секогаш е ориентирана кон потребите на потрошувачите. НИКОСАН-ЈЗ зазема значителен дел од пазарот заради долгогодишната соработка со своите деловни партнери и квалитетните производи што ги нудат.
НИКОСАН-ЈЗ е семејна фирма со 5 вработени и располага со сопствен деловен простор од 600 м (квадратни) кој се наоѓа на ул.Хо ШИ Мин бр. 220-б, Скопје, Р.Македонија.